56
30-годишен жител на Гостивар доби кривична пријава откако во болницата во градот бил агресивен и ѝ се заканувал на неговата сопруга, соопшти МВР.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Е.(30) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста при семејно насилство“. На 22.12.2024 во болницата во Гостивар, пријавениот агресивно се однесувал и упатил закани кон неговата сопруга“, информираат од МВР.