301
Денеска околу 01.00 часот на улица „Илинденска” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Х.С.(26) од гостиварско Речане и 24-годишната Д.С. од Република Косово.
При нивен и преглед на возилото „фолксваген голф” со гостиварски регистарски ознаки, со кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.