Градежни активности на бул. Кочо Рацин и ул.Индира Ганди

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Екипи на Град Скопје, вчера вечерта почна со градежни активности за реконструкција на крстосницата на булевар Кочо Рацин со улицата 11 Октомври (кај Црвен крст).

Градежните работи ќе се одвиваат непрекинато во наредните 36 часа, со цел во понеделник наутро раскрсницата целосно да е проодна и сообраќајот да се одвива без застој во центарот на нашиот град.

Реконструкцијата на целиот булевар се очекува да заврши во текот на следната недела.

Од Град Скопје ги замолија граѓаните за разбирање додека траат градежните активности и упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација.