Градоначалничката на Подгора: Повеќето туристи избегале од куќите и становите бидејќи немале интернет, не поради страв од пожар

од Илинка Илиоска
231 прегледи

Далматинските пожарникари трет ден се борат со пожарите. Ситуацијата во Тучепи и Подгора кај Макарска, од каде ноќе беа евакуирани неколку туристи, е смирена, но се уште има жаришта, јавува Анадолија.

„Ситуацијата во Подгора е мирна. Во близина на Тучеп има уште неколку жаришта. Ноќта околу 2 часот го запревме ширењето на пожарот, ветрот се смири и состојбата сега е добра, доколку ништо не се промени во текот на денот“, изјави Стјепко Мрсиќ, командир на доброволната противпожарна бригада на Подгора. Тој посочи дека се работи за огромен простор и дека се уште се потребни канардите.

Пожарот кај Тучеп, кој избувна во вторникот, во средата вечерта се прошири кон населбата Подгора. Пламените јазици биле високи и до 30 метри, а пожарот дошол на само 20 метри до куќите, па неколку туристи биле евакуирани, додека мештаните останале во своите домови.

Ноќта успеале да го стават под контрола пожарот, над 300 пожарникари со 70 возила се бореа со огнот.

Градоначалничката на Подгора, Петра Радиќ, изјави дека од 30 до 40 луѓе биле евакуирани, а некои веќе почнале да се враќаат дома ноќе, бидејќи пожарникарите успеале да ги заштитат зградите. Таа додаде дека е невообичаено што повеќето туристи бегаат од куќите и становите затоа што немале интернет конекција, а не поради страв од пожар.

Во меѓувреме, Хрватскиот авто клуб соопшти дека поради пожар денеска е затворен државниот пат од Макарска до тунелот Ступица кај Тучеп.

Покрај пожарите во Тучепи и Подгора, пожарникарите во Далмација од вторникот се борат со големиот пожар кај Скрадин кај Шибеник, како и со неколку други пожари.

Слични содржини