Градоначалникот на српската престолнина Белград Синиша Мали стана главен херој на корупциски скандал поврзан со имот во Бугарија.
Локалната мрежа за истражување на криминалот и корупцијата соопшти дека Мали како директор на две офшор компании има стекнато вкупно 23 луксузни апартмани во бугарскиот комплекс “Свети Никола” и уште еден на друга локација а кој се води на негово име. Синиша Мали веднаш ги демантираше информациите и рече дека во Бугарија “има само еден стан, а не 24, како што се тврди”. Според него “публикацијата содржи бројни инсинуации и лаги за неговиот професионален живот”. Градоначалникот смета дека е “жртва на клеветничка кампања која се води од поранешни крадци”. Синиша Мали тврди дека работел како консултант во приватна фирма во 2012 година и неговата задача била да дава совети, вклучувајќи и купување на имот. “Во текстот нема и ред за мојата работа како градоначалник, а само за мојот професионален живот, туку тоа е за периодот кога работев во приватниот сектор”, рече уште Мали.
Агенција БГНЕС потсетува дека скандалот изби откако водачот на опозициската Демократска партија Бојан Пајтиќ јавно го обвини Синиша Мали во купување на 24 луксузни апартмани во Бугарија за 5 милиони евра