187
Безбедносните сили на Украина извршија ракетен напад врз складиште за нафта во Луганск, изјави претставник на самопрогласената Луганска Народна Република Родион Мирошник.
Инцидентот се случил во 6:55 часот по локално време, а експлозијата јасно се слушнала во центарот на градот, пренесува „РИА Новости“.
Според очевидци, веднаш потоа избувнал пожар во тој магацин за нафта, пренесува „Танјуг“.
„Пожарот е видлив од голема далечина. Министерството за вонредни ситуации се обидува да го изгасне пламенот“, објави Мирошник на „Телеграма“.