Грчките земјоделци кусо го затворија автопатот Атина – Ламија, за попладнево закажана симболична блокада и на патот Солун-Халкидики

од Radmila Tasevska
230 прегледи

Грчките земјоделци, кои имаат поставено блокади во близина на автопатот Атина – Ламија претпладнево со тракторите кусо го автопатот кај градот Аталанти, додека пак симболични блокади за попладнево се закажани на автопатот од Солун за Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

Утре пак, според објавите во грчките медиуми, земјоделците планираат со околу 300 трактори да влезат во центарот на Солун за време на отворањето на саемот за земјоделство „Агротика“.

Земјоделците во Грција во различни делови на земјата, најизразено во северниот и централниот од минатата седмица поставија блокади, а меѓу другото, бараат надоместоци поради намаленото производството предизвикано од непогоди и болести; изградба на инфраструктурни проекти за заштита од временските неприлики и намалување на трошоците за производство, но и да и помош за штетата нанесена од невремето на почетокот на септември.

Слични содржини