50
Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, Ричард Гренел, повторно реагираше на платформата „Х“ по изјавата на косовскиот премиер Аљбин Курти дека односите меѓу САД и Косово се „посилни од кога било“.
Гренел сподели видео од премиерот Курти и напиша дека односите меѓу Косово и САД никогаш не биле полоши, пренесува Косово онлајн.
„Заблуда. Односите никогаш не биле полоши. „Аљбин Курти беше осуден од првата администрација на Трамп, администрацијата на Бајден, НАТО, ЕУ, амбасадата на САД, Ентони Блинкен итн.“, напиша Гренел во објавата.