Грешка во преводот на билетот за едно патување на албански јазик (фото)

од Берта Китинска
353 прегледи

Неконсултацијата со експерти при превод на текстови доведува до cкандaлозни  грешки во користењето на албанскиот јазик од страна на институциите, пишува „Алсат“, посочувајќи го како последен пример „појаснувањето“ на ЈСП за користење на еднократниот билет.

Како што пишува „Алсат“, во преводот на албански, зборот „се чува“ е помешан со зборот „се избричи“, па упатството на ЈСП добива апсурдно значење. Истото гласи: „Билетот е за едно патување. Билетот мора да биде валиден и да се избричи до крајот на возењето. Билетот што не е валиден се смета за неважечки. При контрола, билетот за верификација се дава на овластеното лице. Возењето со неважечки билет е казниво. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата www.skopska.mk”.

Од ЈСП, меѓутоа, признаваат дека не ја консултирале Агенцијата, туку помош за преводот побарале од тројца вработени во претпријатието, к не се ниту преведувачи, ниту лектори, а го одобриле текстот.

Слични содржини