Климатската активистка Грета Тунберг ја заостри својата реторика против светските лидери собрани на самитот за климата во Глазгов. Тунберг, кога станува збор за повикување на акција за запирање на климатските промени, веќе не обрнува внимание на вокабуларот.
„Доста е со бла, бла, бла. Доста е со искористување на луѓето, природата и планетата. Доста е со експлоатација, доста со бла, бла, бла“, изјави Тунберг од паркот кој се наоѓа во близина на местото каде што се одржува самитот за климата во Глазгов.
Тунберг им порача на насобраните демонстранти дека и на овој самит за климата работите нема да мрднат од мртва точка.
„Промените нема да стигнат таму. Тоа не е лидерство. Ова е лидерство! Вака изгледа лидерството. Ние сме уморни од тоа и ќе направиме промена без разлика дали тоа им се допаѓа или не“, рече Тунберг.