Гугл престана да продава онлајн реклами во Русија

од Milan1
233 прегледи

Американскиот технолошки гигант Гугл престана да продава онлајн реклами во Русија поради нападот на Москва врз Украина.

„Со оглед на вонредните околности, ги паузираме рекламите на Гугл во Русија, се вели во соопштението на компанијата и се додава дека ситуацијата брзо се развива при што Гугл „ќе продолжи да објавува најнови информации кога е соодветно”.

Гугл претходно им забрани на руските медиуми финансирани од државата да купуваат или продаваат реклами преку неговата технологија и ги исклучи услугите за информации за сообраќајот во реално време за Украина во софтверот за навигација на „Гугл мапи”, за што нагласи дека е потег за заштита на украинската јавност за кој се консултирал со властите на земјата.

Во меѓувреме, компанијата за изнајмување сместувања за одмори Ер-би-ен-би (Airbnb) ги прекина своите активности во Русија и Белорусија, напиша на Твитер извршниот директор на компанијата Брајан Чески.

Слични содржини