„Гугл“ се согласи да ѝ плати на Италија 326 милиони евра за да го реши спорот за даночно затајување

од Aneta Risteska
28 прегледи

Италијанското обвинителство денеска соопшти дека ќе ја прекине истрагата за даночно затајување против Гугл, откако се согласи да плати 326 милиони евра како спогодба.

Обвинителството во Милано отвори истрага за затајување откако Гугл не платил даноци на приходите остварени во Италија во периодот од 2015 до 2019 година, пренесува АП.

Истрагата се фокусираше на профитот на американската компанија од продажбата на рекламен простор, а обвинителството како аргумент го наведе присуството на серверите на Гугл и друга инфраструктура во Италија.

Компанијата се согласи на решение за решавање на овој спор, пренесува Танјуг.

Google претходно плати над милијарда долари на француските власти за да го решат долгогодишниот спор околу наводите за затајување данок, потсетува американската агенција.

Слични содржини