Црногорскиот претседател и лидер на опозициската ДПС, Мило Ѓукановиќ, денеска изјави дека се поизвесно е актуелната влада на Здравко Кривокапиќ на 4 февруари да стане минато.
Ѓукановиќ присуствуваше на седницата на Комитетот на ДПС за Подгорица, а во соопштението на партијата се наведува дека е констатирано дека партиската реформа има задоволителна динамика, но дека е исклучително важно процесот да се заврши темелно и квалитетно.
Партијата во соопштението нагласува дека „може да се гордее со придонесот што ДПС го даде во изминатите 18 месеци на полето на демократскиот развој на општеството и дека успеа да го одбие нападот на големосрпскиот национализам и за цело време, и од позиџија на опозицијата, соодветно да ги земе предвид државнте интереси“. Ѓукановиќ посочи и дека треба да се заврши реформскиот процес во ДПС за успешно да се соочат со предизвиците што ја чекаат партијата во наредниот период и да покажат дека ја разбираат пораката што гласачите им ја испратија на изборите на 30 август. Според него, извесно е дека владата на 4 февруари ќе стане минато.