Гумени бонбони предизвикаа здравствена криза: Луѓето пријавуваат халуцинации и повраќање

од Илинка Илиоска
98 прегледи

Два вида гумени бонбони од печурки се повлечени од австралискиот пазар откако неколку лица завршија во болница.

Тие пријавиле симптоми како што се „вознемирувачки халуцинации“ и „постојано повраќање“.

Јавноста е предупредена да не јаде гумени печурки произведени од Uncle Frog’s, по извештаите дека потрошувачите „доживеале неочекувана токсичност“, според Би-Би-Си.

Пријавените симптоми вклучуваат активност слична на напади, анксиозност, поспаност или губење на свеста и забрзан пулс.

Имаше случаи на хоспитализација низ целата земја. Властите сега истражуваат кои состојки се во овие бонбони.

Во Нов Јужен Велс се регистрирани дури пет случаи.

„Истрагите се во тек за тоа што содржат овие производи. Силно препорачуваме луѓето да не ги консумираат“, изјави директорот на информативниот центар NSW Poisons Dr. Дарен Робертс.

Веб-страницата на Uncle Frog’s е привремено затворена.

Слични содржини