Гутереш: Меѓународното противење за израелската копнена инвазија на Рафах расте

од Симе Стоиков
209 прегледи

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека расте меѓународното противење на израелската копнена инвазија на градот Рафа, јужно од Појасот Газа, со оценка дека тоа ќе предизвика „хуманитарна катастрофа“.

За време на посетата на палестинскиот бегалски камп во Јордан, Гутереш го повтори својот повик за прекин на огнот и ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас.

Тој рече дека САД, европските и муслиманските земји апелирале до Израел да не ја шири својата копнена офанзива кон Рафах.

На прес-конференцијата, Гутереш рече дека „апсолутно е од суштинско значење да се зачуваат животите на луѓето во Газа“ и дека ОН „инсистира на потребата од прекин на огнот“.

„На почетокот нашиот глас беше релативно осамен, но сега гледаме дека меѓународната заедница се повеќе го прифаќа“, додаде генералниот секретар на ОН.

Околу 1,4 милиони Палестинци, главно оние кои избегаа од конфликтот во други делови на Газа, се засолниле во градот на границата со Египет.

Слични содржини