Гутереш: Повеќе од три милиона Украинци беа принудени да ја напуштат својата татковина

од Milan1
217 прегледи

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во својата најнова изјава констатира дека досега повеќе од три милиона лица ја напуштиле Украина, бегајќи од воениот конфликт .

„Повеќе од три милиона Украинци беа принудени да ја напуштат својата татковина. На Украинците очајно им треба мир. И луѓето ширум светот го бараат тоа. Русија мора веднаш да ја прекине оваа војна”, напиша Гутереш на Твитер.

Најмногу Украинци, или над 1,8 милиона се заминати за Полска, а останатиот дел во соседните Словачка, Романија и Унгарија, како и во земјите од Западна Европа.

Слични содржини