Гувернерот на Мериленд прогласи вонредна состојба, се трага по 20 луѓе

Агенти на ФБИ и на на Бирото за алкохол, тутун и експлозиви (АТФ) се на местото на несреќата и им помагаат на локалните власти во истрагата.

од Бети Божиноска
217 прегледи

Гувернерот на Мериленд Вес Мур прогласи денеска вонредна состојба по колапсот на мостот „Френсис Скот Ки“ кој утринава беше удрен од товарен брод, пренесува Си-ен-ен.

„Работиме со интерагенциски тим за брзо да ги распоредиме федералните ресурси од администрацијата на Бајден,“ посочи Мур и им се заблагодари на „храбрите мажи и жени кои вложуваат максимални напори да ги спасат настраданите и се молат за безбедноста на сите.“

Агенти на ФБИ и на на Бирото за алкохол, тутун и експлозиви (АТФ) се на местото на несреќата и им помагаат на локалните власти во истрагата.

Рано утринава, мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор се урна откако во него се удри контејнерски брод, по што најмалку 20 луѓе завршиле во водата.

Кевин Картрајт, директор за комуникации во противпожарната служба на Балтимор, посочи дека температурите околу пристаништето се околу -1 степен Целзиусов, па постои „прозорец“ од само еден до три часа во кој човечкото тело може да преживее на такви температири, па нуркачите-спасуваќи се во забрзана потрага.

Од противпожарната служба на Балтимор информираа и дека во моментот кога се урнал, на мостот имало и камион со полуприколка, и дека во водата околу бродот што го урна мостоѕ има големо количество дизел.

Во меѓувреме, компанијата „Синерџи марин груп” потврди дека нејзиниот контејнерски брод „Дина“ ја предизвикал несреќата откако удрил во еден од столбовите на мостот, по што се запалил и потонал во реката Патапско.

Како што се напоменува, сите членови на екипажот, вклуќувајжи ги и двата капетана на бродот, се на безбедно и неповредени.

Слични содржини