Гвардиола инсистира Стирлинг да остане

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сака Рахим Стирлинг да остане во тимот. Според новинарот Фабрицио Романо, Шпанецот им рекол на раководството на клубот дека сака Стирлинг да потпише нов договор.

На почетокот на сезоната, членот на англиската репрезентација играше ретко и рече дека е подготвен да го напушти тимот. Постепено, крилниот напаѓач си го врати местото во стартниот состав и се надева дека ќе го продолжи договорот со „граѓаните“.

Актуелниот договор на Стирлинг е до летото 2023 година. Клубот веќе започна преговори со фудбалерот, но доколку не се постигне таков, тој ќе биде продаден на лето.

Од почетокот на сезоната, поранешниот играч на Ливерпул има 32 натпревари и 13 гола во сите натпреварувања за Манчестер Сити.

Слични содржини