Хајди Клум за сексуалниот живот со 17 години помладиот сопруг: „Поминуваме часови во спалната соба“

од Radmila Tasevska
332 прегледи

Манекенката на прашањата одговарала без влакна на јазикот.

Хајди Клум од 2019 година е во брак со нејзиниот сопруг Том Каулика, кој е 17 години помлад од неа.

Сега таа зборуваше за нивниот сексуален живот, и откри дека сакаат да пробуваат секакви работи.

„Зошто да не користите играчки? Ако трае неколку часа, се може да се случи. На мажите им е потешко, мора да имаат многу поголема издржливост. Многу мажи не можат да водат љубов со часови. Мојот сопруг може“, изјави Хајди во поткастот „Call her daddy“, пренесе Стандард лајф.

Таа се осврна и на својот љубовен живот, а напомена дека го нема типот на мажи.

„Погледнете ја мојата љубовна историја. Бев со ќелави, многу стари, со долга коса, слаби. Нивните ликови беа исто така многу различни“, рече манекенката и додаде:

„На крајот од денот, сакате да бидете со некој со кој ви е удобно. Некој кој прави да се чувствувате одлично и кој ве разбира“.

Слични содржини