Халеви: Новиот шеф на Хамас е „ладнокрвен убиец“

од Milan1
53 прегледи

Началникот на израелскиот Генералштаб, генерал-полковник Херзи Халеви изјави дека Израел „ќе знае многу брзо како да изврши напад на било кое место во Либан, каде било во Газа, каде било на Блискиот Исток, над земја и под земја“.

Ваквата негова изјава тој ја даде за време на средбата со претставници на воздухопловните сили и пилотите во воздушната база Тел Ноф, зборувајќи за нестабилниот момент за регионот.

Големи се стравувањата од ескалација во поширока регионална војна, при што Иран вети одмазда против Израел поради убиството на Ханије, а либански Хезболах се закани дека ќе возврати за убиството на еден од неговите највисоки команданти од страна на Израел во воздушен напад во Бејрут минатата недела.

Халеви рече дека одлуката на Хамас во вторникот да го именува Јахја Синвар за нов лидер „нема да го ослободи од фактот дека тој е убиец“.

Синвар го организираше нападот на 7 октомври, во кој милитантите убија 1.200 луѓе во јужен Израел, а зедоа околу 250 лица како заложници.

Палестинската милитантна група го избра Синвар откако политичкиот лидер Исмаил Ханије беше убиен на 31 јули во Иран во претпоставен израелски напад.

Изборот на Синвар, тајна личност блиска до Иран, која работеше со години на зајакнување на воената сила на Хамас, беше пркосен сигнал дека групата е подготвена да продолжи да се бори по 10 месеци уништување од кампањата на Израел во Газа и по атентатот на Претходникот на Синвар, Ханије.

Слични содржини