Хамас го отфрли најновиот предлог на Израел

Најновиот израелски предлог не ги исполни барањата на Хамас за непречено враќање на Палестинците во северниот дел на Газа и целосно повлекување на израелската армија од Појасот Газа

од Бети Божиноска
298 прегледи

Хамас го отфрли најновиот предлог на Израел за заложниците, пренесува  Си-ен-ен, повикувајќи се на дипломат запознаат со преговорите меѓу двете страни.

„Тие го одбија и оценија дека предлогот не дава никаков одговор на нивните прашања“, рече дипломатот.

Истиот извор додава дека „израелскиот предлог не вклучува ништо ново, па затоа тие (Хамас) не гледаат потреба од промена на својот предлог“.

Најновиот израелски предлог не ги исполни барањата на Хамас за непречено враќање на Палестинците во северниот дел на Газа и целосно повлекување на израелската армија од Појасот Газа, пишува „Тајмс оф Израел“. Дипломатот вели дека наместо тоа, Израел инсистира на проверка на луѓето кои би се вратиле на север.

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, шефот на Мосад, Дејвид Барнеа, и директорот на „Шин Бет“, Ронен Бар, катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман ал Тани и египетското разузнавање се сретнаа неделава во Каиро за да ги продолжат разговорите за прекин на огнот.

 

Слични содржини