Хамас предложи прекин на огнот кој вклучува размена на заложници за затвореници

Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјавија вчера дека нпвиот предлог за примирје во Газа претставен од Хамас се уште се заснова на „нерелани барања“

од Бети Божиноска
248 прегледи

Хамас доцна вчера им предложил на посредниците и на САД прекин на огнот во Појасот Газа кој вклучува ослободување на израелските заложници во замена за слобода на палестинските затвореници, од кои 100 отслужуваат доживотна казна, пренесува „Ројтерс“.

Хамас вели дека првата фаза за ослободување на Израелците би вклучувала жени, деца, постари лица и болни заложници во замена за ослободување на 700 до 1.000 палестински затвореници. Вклучено е ослободувањето на израелските „женски регрути“.

Хамас претставил сеопфатна визија за договор за примирје заснован на запирање на, како што ја нарекуваат тие, „израелската агресија врз Палестинците во Појасот Газа“, обезбедување помош, враќање на раселените жители на Газа во своите домови и повлекување на израелските сили.

Милитантното движење соопшти дека датум за траен прекин на огнот би се договорил по првичната размена на заложници и затвореници, а лрајниот рок за израелско повлекување од Појасот Газа би бил договорен по првата фаза.

Палестинската исламистичка милитантна група соопшти дека во втората фаза од планот ќе бидат ослободени сите затвореници од двете страни.

Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјавија вчера дека нпвиот предлог за примирје во Газа претставен од Хамас се уште се заснова на „нерелани барања“ и најавија поопширно објаснување по претставувањето на предлогот пред воениот кабинет и проширениот безбедносен кабинет денеска.

Хамас вчера повика на ескалација на протестите и на нападите против Израел во Појасот Газа, Западниот Брег и Ерусалим денеска, на првиот ден од петочната молитва во светиот муслимански месец Рамазан.

Египет и Катар се обидуваат да ги намалат разликите меѓу Израел и Хамас околу тоа како треба да изгледа прекинот на огнот бидејќи продлабочената хуманитарна криза доведе до состојба на гладување една четвртина од населението во погодениот Појас Газа.

Египет се обидува да постигне прекин на огнот во Појхасот Газа, да ја зголеми испораката на помош во енклавата и да им овозможи на раселените Палестинци на југот и центарот на енклавата да се преселат на север, изјави денеска претседателот Абдел Фатах ал-Сиси.

Слични содржини