Хамас: Смртта на лидерот не значи крај на нашето движење, нашата судбина е или или победа или мачеништво

од Milan1
22 прегледи

Членот на политичкото биро на движењето Хамас Басем Наим денеска изјави дека смртта на лидерот не значи крај на движењето. Тој рече дека организацијата не може да биде уништена со убивање на нејзините водачи, пренесува Би-Би-Си, додавајќи дека не ја потврдува смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар.

„Израел изгледа верува дека убиството на нашите водачи значи крај на нашето движење и борбата на палестинскиот народ. Не е прв пат Израел да каже нешто такво“, рече тој, алудирајќи на убиствата на претходните лидери на Хамас и додаде дека тие станале „икони“ за идните генерации. Тој додаде дека Хамас верува дека судбината на таа организација е „или победа или мачеништво“.

„Да, многу е болно и вознемирувачко да се губат блиските, особено извонредните лидери како нашиот, но она во што сме сигурни е дека на крајот сме победници – тоа е исходот за сите луѓе кои се бореле за својата слобода“. рече Наим. Водачот на милитантната група Хамас, Јахја Синвар, е убиен во четвртокот во израелска операција, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини