Хансен пресече – после Париз крај

од Симе Стоиков
177 прегледи

Данскиот ракометар Микел Хансен, трикратен светски шампион, најави дека ќе ја заврши играчката кариера по Олимписките игри во Париз.

„Ова лето е вистинско време да ги закачам моите патики“, рече 36-годишниот Хансен на прес-конференција и додаде:

„Мојата мотивација е се уште таму. Сезоната се уште не е завршена и има уште многу да се игра. Со нетрпение ги очекувам следните месеци, ќе се обидам да го искористам максимумот од нив”, додаде тој.

Трикратниот најдобар светски ракометар (2011, 2015 и 2018) изјави дека можел да продолжи да игра.

„Ако навистина сакав, веројатно би можел да играм до 40-45, но тоа не сум јас“, изјави Хансен.

Слични содржини