Коментирајќи го „нон-пејпер“, водачот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, го предупреди Албин Курти дека ќе се соочи со протести и немири доколку дозволи формирање на автономна област на Северно Косово.
Харадинај рече дека не верува дека Курти ќе дозволи такво нешто, но тој му рече дека може да предизвика многу проблеми, доколку влезе во тоа, пренесе „Репортери“.
„Не верувам дека тоа се случува. Не верувам дека Курти ќе дозволи да му се нанесе таква штета на Косово. Ова може да донесе немири на Косово. На Косово ќе има немири. Верувам дека Курти е свесен за ситуацијата и нема да си дозволи да тргне на погрешен пат“, изјави Харадинај за „Фронт онлајн“.
Тој исто така рече дека ако се формира автономна област на Север, како што е наведено во „нон-пејперот“ што се однесува на решавање на прашањето на Косово, тој ќе излезе на улица и ќе протестира против штетните договори.