Харадинај: Курти се плаши да се појави пред граѓаните и да ја каже вистината

од Milan1
76 прегледи

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека не е храброст што премиерот на Косово Аљбин Курти под полициска придружба оди на север и, како што вели, „ги мами граѓаните дека се е добро.”
Харадинај на Фејсбук истакна дека стравот и паранојата ги натерале да грешат и оние кои никогаш не грешат.

„Премиерот колку и да крева глава, тој се плаши. Се плаши да излезе пред граѓаните и да покаже што е вистина во обвинувањата на претседателката Вјоса Османи. Се плаши да излезе пред новинарите и да каже што се случува со Берлинскиот процес и зошто ЕУ инсистира на исклучување на Косово. Се плаши да излезе и да ја каже вистината за мостот, а граѓаните се уште ги држи во илузија дека наскоро ќе биде отворен“, рече Харадинај.

Слични содржини