Ако одлуката за имотот не ја спроведеме според уставната пресуда, тогаш може да бидеме под притисок да не ја спроведеме одлуката на истиот суд за Заедницата на српските општини, изјави претседателот на Алијансата за иднината на Косово.
Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека ситуацијата околу имотот околу манастирот Високи Дечани е неправедна, но дека Косово е во тешка позиција по уставната одлука.
– Ако не ја спроведеме судската одлука, си создаваме пречки, изјави Харадинај за РТК.
– Доколку одлуката за имотот не ја спроведеме според уставната пресуда, тогаш може да бидеме под притисок да не ја спроведуваме одлуката на истиот суд за Заедницата на српските општини, рече Харадинај.
Одлуката ја нарече неправедна бидејќи, како што наведе, се работи за имотот „даден на манастирот во времето на Милошевиќ“.
Харадинај рече дека кога ќе одлучи највисокиот суд, неможе ништо да се направи освен да се спроведе таа одлука.
Во 2016 година Уставниот суд донесе одлука дека 24 хектари земјиште му припаѓаат на манастирот Високи Дечани, но локалната власт во Дечани се уште не ја спроведе таа одлука бидејќи тврди дека имотот му припаѓа на јавни претпријатија.