Хари Варешановиќ во текот на интервјуто се осврна за кариерата, семејството, бракот, но и за разводите на колешките Драгана Мирковиќ и Харис Џиновиќ.
Како што изјави во интервју за Блиц, тој пее четириесет години и сите теми од песните им ги посветува на жените. Хари Варешановиќ проговори и за тоа колку време му дава кариерата да му посвети на семејството.
„Претходно имаше повеќе турнеи, сега бирам дали се тоа големи сцени. Не работам во клубови. Имам четири внуци, три сина и една ќерка, помина долго време, кој ќе се сеќава како порано било… Нормално е дека кога тато е ѕвезда и мора да менува градови секој ден, децата да се и горди и малку лути што ти не си таму.
Хари открива и дека често знае да им пее приспивни песни на своите внуци кога оди во местата каде што живеат.
„Често правам концерти во местата каде што живеат моите деца и за една година се гледаме десет пати, но тој заеднички живот беше во времето кога ги правев.
Покрај тоа што зборуваше за кариерата и семејството, Хари Варешановиќ зборуваше и за разводот на колешките Драгана Мирковиќ и Харис Џиновиќ. Според Хари, клучот за преживување на бракот е следново:
„Најважно е луѓето на почетокот да се сакаат и потоа се сомневам дека нешто може да ги раздели. Во животот се ни паѓа пред нас, секакви препреки, несреќи, но ако се лудо заљубени, сè може да се надмине“.
А на прашањето дали е сè уште заљубен, Хари одговара.
„Не ми паѓа на памет сега да раскинам. Тоа е малку скапа играчка, духовно, психички и финансиски.