Хасани го тужи Таравари за клевета и навреди

од Берта Китинска
358 прегледи

Заменик министерот за одбрана и претседател на огранокот на ДУИ Гостивар, Башким Хасани денеска поднесе тужба за навреда и клевета против градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари која била изнесена во пост на социјалната мрежа Фејсбук.

– Сакам да ја поздравам акцијата на МВР и повикувам виновниците да се казнат откако ќе се утврди нивната вина. Можам да ја разберам неговата политичка спротивставеност и делување, но личното напаѓање, не. Во ваквиот ставм не му веруваат ниту најблиските соработници, рече Хасани.

Според Хасани, со коментарот „Политичката мафија во Гостивар пред неколку дена беше фатена со 100 килограми марихуана, имаат ли овие луѓе кредибилитет да зборуваат за училиштата” и објава на фотографија на која тој со еден од осомничените за шверц на 100 килограми марихуана, Таравари му ги нарушил угледот честа.

Слични содржини