Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска издаде налог за апсење за рускиот генерал-потполковник Сергеј Кобилаш и за адмиралот Виктор Соколов, обвинувајќи ги за воени злосторства во украинскиот воен конфликт, пренесува „Ројтерс“.
Двајцата високи офицери од руската авијација и Црноморската флота се обвинети за директна одговорност за „ракетните напади извршени од силите под нивна команда против украинската електрична инфраструктура од 10 октомври 2022 година до 9 март 2023 година“.
Судот смета ова се квалификува како „повеќекратно извршување дела против цивилното население“ и дека постојат разумни основи да се верува оти осомничените се одговорни „за злосторството против човештвото“ и за „други нехумани дејствија.“
Иако е потписник на Римскиот статут од 2000 година, Русија никогаш не го ратификуваше договорот за членство во МКС и не го признава судот, но формално го задржа својот потпис од основачкиот статут на судот.