Хеликоптерот на Раиси се урнал поради лоши временски услови, нема докази за саботажа – потврди официјалната истрага

од Илинка Илиоска
22 прегледи

Официјалната истрага за хеликоптерската несреќа во која загина иранскиот претседател Ебрахим Раиси и уште седум лица, откри дека причина за несреќата се неповолните климатски и атмосферски услови.

Во завршниот извештај на Врховниот комитет на Генералштабот на вооружените сили на Иран, се наведува дека главна причина за падот на хеликоптерот биле сложените климатски услови во тој регион.

Во извештајот се посочува и ненадејната појава на густа магла која се подигнала кога хеликоптерот се урна, а исто така се нагласува дека не се најдени докази на саботажа.

Ебрахим Раиси, кој се сметаше за потенцијален наследник на врховниот ирански водач, ајатолахот Али Хамнеи, загина во мај годинава кога неговиот хеликоптер се урна во планински регион во близина на границата со Азербејџан. Во несреќата загинаа уште седум лица, меѓу кои и министерот за надворешни работи, Хосеин Амирабдолахиан.

Слични содржини