Хероин и таблети пронашла полицијата во „опел астра“

од Milan1
343 прегледи

Вчера во село Балиндол, гостиварско, полициски службеници од Oдделението за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода А.К.(40) од с.Леуново, општина Маврово и Ростуше и А.Ј.(21) од Гостивар.

При преглед во патничко возило „опел астра”, сопственост на А.К., во кое бил и А.Ј. биле пронајдени и одземени хероин и таблети. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Слични содржини