Украинскиот војник Виталиј Володимирович доброволно се пријавил за оваа задача, но во таа прилика го загубил животот.
Украинците решија да го спречат продорот на руската тенковска колона со минирање на мостот Геничен.
Украинскиот војник Виталиј Володимирович Скакун доброволно се пријавил за оваа задача, но во таа прилика го загубил животот. Не успеал да се спаси од експлозијата.
„Во овој тежок ден за нашата земја, кога украинскиот народ ги одбива руските окупатори на сите правци, едно од најтешките места на картата на Украина беше Кримскиот теснец, каде специјален баталјон маринци се сретна со непријателот“, се вели во изјава на Фејсбук страницата.
За да се запре напредувањето на колоната тенкови, се пишува понатаму, одлучено е да се крене мостот во воздух.
„Витали Володимирович Скакун, баталјонски инженер, доброволно се пријави да ја изврши оваа задача. Мостот бил успешно миниран, но тој не успеал да побегне“, велат тие.
„Веднаш се слушна експлозија. Нашиот брат почина. Неговото херојство значително го забави напредувањето на непријателот, што и овозможи на единицата повторно да се распореди и да ја организира одбраната“, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Оттаму додаваат дека до Врховната команда ќе биде поднесено барање за државна награда на морнарот Скакун.
„Руски окупатори, знајте дека земјата ќе ви гори под нозе! Ќе се бориме додека сме живи! И додека сме живи ќе се бориме“, се наведува во соопштението.