Хезболах по убиството на Синвар: Влегуваме во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел

од Milan1
35 прегледи

Либанската милитантна група Хезболах денеска објави дека преминува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по атентатот на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, во која ќе користи наведувани проектили за да ги гаѓа израелските војници. Хезболах во соопштение наведува дека од почетокот на копнената офанзива во Либан на 1 октомври израелската армија загубила 55 војници, а повеќе од 500 од нив се ранети, пренесуваат британските медиуми.

Синвар, организаторот на нападот на 7 октомври 2023 година, со кој почна војната во Газа, беше убиен во средата за време на операција на израелските војници во палестинската енклава.

Синвар, кој беше именуван за лидер на Хамас по убиството на политичкиот шеф, Исмаил Ханија, во Техеран во јули, се верува дека се криел во тунелите изградени од Хамас под Газа во последните две децении.

Слични содржини