Хју Џекмен се заљубил со позната (и омажена) холивудска убавица?

од Radmila Tasevska
301 прегледи

Филмскиот суперхерој Хју Џекмен неодамна беше во центарот на јавноста откако се шпекулираше дека се разведува од својата долгогодишна сопруга Деби Ли Фурнес.

Нивниот случај за развод сè уште е во тек, а Џекмен изгледа нема трпение да се реши и да продолжи да го живее животот како што му одговара.

Неодамна го поврзуваа со неколку холивудски убавици, но ниту една од нив не е потврдена од романтичниот Хју во јавноста. Меѓутоа, сега повторно се шпекулира за неговата врска со многу помладата колешка Сатон Фостер, пренесе Стандард лајф.

А можеби и не би било толку чудно да не е мажена.

– Нивната романса е јавна тајна на Бродвеј – вели извор близок на актерот, кој вели дека Хју и Сатон се зближиле кога работеле на мјузиклот „Музичарот“. Се се одвиваше во текот на годината на која и се ближи крајот, па оттука и шпекулациите дека токму таа го тешела актерот кога решил дефинитивно да стави точка на бракот.

Друг извор вели дека Џекмен е опседнат со Сатон од моментот кога ја запознал. Тој наведува дека ја следел насекаде, како „заљубено кученце“.

– За времето што го поминаа заедно на Бродвеј, Сатон го третираше Хју како голема ѕвезда – на сите им беше јасно дека е целосно маѓепсан од неа – забележува изворот.

Сатон исто така откри дека станале „навистина блиски“ кога заедно вежбале за шоуто и признала дека се договориле да се „наоѓаат“ половина час пред секој настап за да имаат време подобро да се запознаат.

Тие тогаш биле и се уште се во брак со други луѓе. Сатон е во брак од 2014 година со нејзиниот втор сопруг, сценаристот Тед Грифин, татко на нивната посвоена ќерка, која сега има 6 години.

Во септември, Хју и Дебора-Ли (68) се разделија по 27 години и ги имаат децата Оскар (23) и Ава (18).

Во времето на нивното разделување, извор изјави за „ГЛОУБ“: „Тие беа повеќе врзани еден за друг како деловни партнери отколку како маж и жена. Бракот беше како договор „брат-сестра“. Работите не функционираа на физичко или романтично ниво“.

Изворите велат дека Хју и Дебора-Ли сега работат на „отплеткување“ на неговото богатство од 180 милиони долари, а новата романса на Џекмен може да ги искомплицира работите.

Слични содржини