Хоџа: Отстранувањето на „20%“ од Уставот само помага да се изгради довербата меѓу заедниците во земјата

од Destan Jonuzi
236 прегледи

Секоја партија има своја политичка агенда и секојa е одговорен за своето позиционирање, изјави за „Локално“, заменик-претседателот на Движењето БЕСА, Аријанит Хоџа, одговирајќи на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој кажа дека со тргањето на „20%“ од албанскиот јазик од Уставот ќе се создадат нови поделби.

– Сите аргументи за отстранување на „20%“ се на наша страна и се надеваме дека Мицкоски ќе рефлектира. Отстранувањето на „20%“ само помага да се изгради доверба меѓу двете заедници во земјата, бидејќи не станува збор за некој да загуби, а некој да победи. Тоа е едноставно корекција која, искрено, требаше да ја иницираат самите Македонци, изјави Хоџа за „Локално“.

Од ДУИ велат дека прашањата со кои се соочува земјата налагаат сите парламентарни партии да седнат и да разговараат.

– За промена на Уставот се потребни 2/3. Не треба да паднеме во замката дека се организира етничка агенда или се турка етничко прашање затоа што корекција на таква формулација не значи отстапка за Албанците, не значи откажување и служење на Албанците, велат партиски извор од ДУИ за „Локално“.

Од партијата Алтернатива на Африм Гаши изјавија дека веќе се изјасниле дека во однос на темата за остранување на „20%“ немат никаква дилема дека треба да се острани, и дека за нив нема потреба од некоја посебна средба за ова.

– За ова прашање сега се подготвени и неалбанските партии и тоа не е тема што наметнува некаква посебна средба на политички партии на Албанците, изјавија од Алтернатива.

Од друга страна лидерот на опзициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за прашањето околу „20%“ смета дека може да се создаваат нови поделби кои никому не му одат во прилог.

„Јас би се вратил на суштината, а суштината е дека и Македонците и Албанците и Турците и Србите и Власите и Бошњаците и Ромите лошо живеат, тешко живеат. Да се фокусираме на тие проблеми, да ги решаваме проблемите на граѓаните. Да не создаваме нови поделби и да не создаваме нова поларизација која што никому не му оди во прилог“, изјави Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање во врска со барањето на партиите на Албанците за тргање на формулацијата „20%“ од Уставот.

Јас споменав, додава тој, дека треба да разговараме и за Бадентерот, споменав да разговараме и за Балансерот, да разговараме за намалување на тој праг од 20% на 5, на 10, 15%, ако сакаме да бидеме навистина граѓанско општество, па и Турците, и Бошњаците и Ромите да можат во општините каде што се повеќе од тие проценти да зборуваат на својот мајчин јазик, бидејќи суштината на Рамковниот договор е таа.

– Суштината на Рамковниот договор е да го покаже мултиетничкиот карактер на Македонија, а не да ја направи Македонија бинационална држава, за тоа сме против“, вели Мицкоски, нагласи Мицкоски.

Д.Ј.