Холандија побара да ја напушти заедничката регулатива на ЕУ за азил

од Milan1
53 прегледи

„Само што ја информирав Европската комисија дека сакаме Холандија да истапи од миграциската политика во рамките на Европа“, напиша министерката за внатрешни работи Марјолеин Фабер на платформата X, пренесоа западните агенции.

Според статистиката на ЕУ, минатата година во Холандија биле поднесени две барања за азил на илјада жители, што е приближно на европскиот просек. Во десет земји од ЕУ овој сооднос е поголем.

Фабер додаде дека е крајно време „Холандија повторно да биде одговорна за својата политика за азил“.

Владата на премиерот Дик Шоф, која беше формирана во јули по долги преговори, е составена од четири десничарски партии, а Фабер е членка на најсилната, крајно десничарска, ултранационалистичка и ксенофобична Партија на слободата (ПВВ) предводена од популистот Герт Вилдерс.

Целта на Холандија, според Фабер, е „драстично да го намали“ бројот на баратели на азил кои влегуваат во земјата. Таа додаде дека тоа е неопходно за да може Владата да ги исполни своите обврски во областа на станбената политика, здравството и образованието.

Владата минатата недела ја потврди својата намера да се повлече од европските правила за азил, признавајќи во исто време дека има мали шанси да успее, бидејќи ќе бара консензус за да се промени многу деликатната регулатива за која во ЕУ долго време се кршеа копја.

Новиот миграциски пакт на ЕУ беше усвоен минатиот декември со гласовите на сите земји-членки.

Слични содржини