Холандија се приклучува на воената коалиција со сојузниците, вклучително и Британија, која ќе ја снабдува Украина со напредна технологија за беспилотни летала и ќе ги зајакне нејзините офанзивни способности во војната против Русија, рече холандската министерка за одбрана, Каиса Олонгрен.
Холандија ќе обезбеди борбени авиони Ф-16 (Ф-16), артилерија, муниција и системи за противвоздушна одбрана за Киев.
-За Холандија, може да има дополнителни трошоци, покрај веќе издвоените две милијарди евра во буџетот за 2024 година, изјави Олонгрен пред дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел што почнува денеска.
Минатиот месец Министерството за одбрана на Украина најави учество на Велика Британија во коалицијата.
Работејќи заедно, коалицијата ќе може да одговори на променливата воена тактика на Киев.
-И мислам дека тоа ќе биде силата на оваа коалиција, да може за многу краток временски период да го обезбеди она што им е потребно, рече Олонгрен. Таа прецизираше дека Холандија, исто така, ќе обезбеди тимови со високотехнолошко искуство од комерцијалниот сектор.