428
Вчера во 21.30 часот на Граничен премин „Табановце” од полициски службеници бил приведен T.M.(26) од Холандија, затоа што по извршена пасошка контрола било констатирано дека незаконски престојувал во државата.
Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, информираат од МВР.