Холивуд воведува „кризен тим“ за Оскарите, инцидентите како ланскиот треба да останат минато

од Vladimir Zorba

На овогодинешното доделување на Оскарите ќе биде претставен „кризен тим“ за да се спречат инциденти на сцената, како одговор на тоа што Вил Смит го удри Крис Рок минатата година на доделувањето на наградите, објави Би-Би-Си.

Шефот на Академијата Бил Крамер изјави за Тајм дека новоформираната единица поминала низ многу сценарија, надевајќи се дека ќе биде подготвена „на сè“.

„Поради минатата година, ние сме отворени за голем број работи што би можеле да се случат на Оскарите“, рече Крамер.

Кризниот тим ќе реагира побрзо, додаде тој.

Смит го удри комичарот Рок откако овој се пошегува на сметка на сопругата на Смит дека нема коса, која ја избричи поради алопеција.

Откако се врати на своето место, Вил Смит неколку пати повтори „не ја спомнувај мојата сопруга“.

Слични содржини