Холивудскиот пар Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го добија четвртото дете

од Radmila Tasevska
180 прегледи

Холивудскиот пар Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го добија четвртото дете. Актерката тоа го објави синоќа на Инстаграм на многу необичен и интересен начин.

Актерката објави фотографија на која е со сопругот Рајан Рејнолдс (46) и неговата мајка Тами. Таа откри и какви специјалитети се приготвувале во нејзиниот дом за Суперболот, а прекрасната вест одлучила да ја сподели со јавноста на денот на финалето на националниот шампионат во американски фудбал.

 

Откако сите забележаа дека Блејк веќе нема труднички стомак, се прошири веста за новороденчето, која ја пренесоа бројни портали: „People“, „Just Jared“, „Hola!“, „Glamour“ и многу други.

„Историска фотографија, од толку многу причини“, прокоментира на Инстаграм Роб Лифелд, креаторот на „Deadpool“, во кој глуми Рејнолдс.

Блејк и Рајан се во брак од 2012 година и имаат три ќерки, Бети (3), Инез (6) и Џејмс (8).