Хорор во близина на Париз, мајка обвинета дека го убила синот, па го сокрила телото во торба

од Milan1
308 прегледи

По обвинението дека го убила синот со нож, мајката на десетгодишното момче чие тело беше пронајдено во патна торба во близина на Париз, во неделата беше обвинета за убиство и ставена во притвор, пренесува Хина.

„33-годишната притвореничка не ги коментираше настаните и избегна да зборува за тоа што направила по смртта на нејзиниот син“, се вели во соопштението на главниот обвинител на градот Моа, Лорелаин Пејрефет.

Инспекторите досега успеале да соберат „сериозни докази за убиството на нејзиното дете“ против неа, што најверојатно се случило во средата, соопшти државното обвинителство.

„Мајката потоа го ставила телото во патна торба и го однела во корпа за отпадоци, по што се вратила да ја исчисти куќата и предметите што ги користела ги фрлила во блиската канта за ѓубре“, рече обвинителот, а пренесува „Јутарњи лист“.

Загрижен што никогаш не нашол никого дома кога доаѓал од работа навечер, таткото во средата вечерта веднаш ја известил полицијата за исчезнувањето на сопругата и нивниот син.

Семејството се преселило во мирен град источно од Париз неколку недели претходно.

Откако пронашле траги од крв во куќата, властите веднаш започнале потрага во која со помош на дронови учествувале пожарникари, полицајци со кучиња и речна полиција.

Истрагата заврши во четвртокот наутро со ужасното откритие на телото на момчето свиткано во патна торба, на околу стотина метри од куќата.

Обдукцијата покажа дека тој бил „убиен со ладно оружје, можеби со нож“, истакнуваат од државното обвинителство.

Момчето добило неколку смртоносни удари во пределот на вратот и градниот кош.

Мајката е уапсена следниот ден во куќата на нејзината сестра, на триесетина километри од местото на убиството. Кај неа е пронајден крвав нож кој допрва треба да се анализира.

Жената ја чека сеопфатен психијатриски преглед.

Слични содржини