Хрватска добива уште осум американски хеликоптери „Блек Хок“

од Симе Стоиков
270 прегледи

Потпретседателот на Владата и министер за одбрана Иван Анушиќ, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Република Хрватска, генерал-потполковник Тихомир Кундид и американската амбасадорка Натали Рејес присуствуваа на потпишувањето на договорот за набавка на осум UH-60M „Блек Хок“ хеликоптери помеѓу Владата на Република Хрватска и Владата на Соединетите Американски Држави во касарната Лучко.

„Набавка на осум воздухоплови UH-60M „Блек Хок“ претставува голем и важен момент за вооружените сили на Република Хрватска“, изјави хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ во касарната Лучко за време на потпишувањето на договорот со САД и притоа доаде:

„Ова е голем и важен момент за вооружените сили, за цела Хрватска и потврда за сојузот и одличната соработка со САД“, рече Анушиќ.

Министерот за одбрана истакна дека соработката на хрватските вооружени сили со САД трае уште од Татковинската војна.

„Татковинската војна е основата на хрватската држава. Затоа треба да знаеме кој е сојузник на Хрватска, кој и помогна кога и требаше помош. Победничката армија на Република Хрватска никогаш нема да го заборави тоа“, додаде тој.

Вкупната вредност на осум хеликоптери „Блек Хок“ е 274 милиони долари, од кои четири хеликоптери се донирани од Американците.

Вкупната вредност на осум хеликоптерите е 273,8 милиони американски долари. Четири хеликоптери пристигнаа во Хрватска преку донација од САД, а четири се набавени од хрватскиот државен буџет.

Американската финансиска помош покрива 51 процент од вкупниот износ, а Министерството за одбрана преостанатиот износ ќе го обезбеди во тригодишниот буџетски период од 2025 до 2027 година.

Сите хеликоптери со опрема треба да бидат испорачани во Хрватска во текот на 2028 година. Хрватска во моментов има четири хеликоптери UH-60M „Блек Хок“, од кои два беа донирани од американската влада.

Слични содржини