Хрватска откри салмонела во пилешки крилца од познат словенечки произведувач

од Илинка Илиоска
70 прегледи

Во пилешкото месо кое од Словенија било наменето за хрватскиот пазар, било откриено присуство на салмонела. „Перутнина Птуј“ за Н1 Словенија потврди дека тоа е нивно месо, но не се продава на словенечките полици.

Салмонелата била детектирана на живинарските фарми. Како што пишуваат хрватските медиуми, станува збор за месо кое се продава под името „Чикен Тексас Вингс“ на словенечкиот производител „Перутнина Птуј“, пренесува Н1 Загреб. Според Европскиот систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна (РАСФФ), анализата на примероците ја извршил производителот, но името на производителот не беше отркиено.

Само пишува дека се работи за месо од Словенија, поточно пилешко „Тексас пултри“. Според публикацијата на РАСФФ, анализата на мострите ја извршил самиот производител, а според Н1 Загреб, месото било повлечено пред да „слета“ на хрватските полици.

Засега не е јасно дали салмонела е откриена само во примероци од месо испратени на хрватскиот пазар. Споменатиот производ е во продажба и во Словенија. Компанијата „Перутнина“ за Н1 Словенија објаснила дека оваа серија месо ја немало на словенечките полици, но доколку била, автоматски ќе била повлечена.

„Рокот на траење на оваа живина веќе е истечен, па словенечките потрошувачи можат да бидат спокојни“, додаваат тие. Според нашите неофицијални информации, за случајот е запознаена и словенечката управа за безбедна храна, ветеринарна медицина и заштита на растенијата, која сè уште прибира сеопфатни информации за истиот.

Слични содржини