Хрватска воведува дополнителен данок за викендици и за празни станови

од Milan1
573 прегледи

Хрватска се подготвува за воведувње на данок на сите недвижности, освен во оние во кои живеат лица, или се издадени под наем. Министерот за финансии на Хрватска најави дека оние кои изнајмуваат станови или куќи 10 месеци во годината, ќе бидат ослободени од данок, но оние кои не изнајмуваат, ќе мора да платат дополнителен данок.

„Оние кои ќе ги изнајмуваат недвижностите помалку од 10 месеци, или оние за кои наемот ќе биде краткорочен или ќе биде празна, тогаш ќе се плаќа поголем данок“, рече Марко Приморац.

„РТЛ“ пренесува дека данокот за недвижности ќе се движи од 1 до 10 евра по метар квадратен, и ќе го одредува единицата за локална самоуправа. Тоа значи дека сопственик на викендица од 100 квадрати, годишно може да плаќа и до 1000 евра данок.

Ова доаѓа како резултат на тоа што 40 проценти од 2 милиони станбени единици во Хрватска се празни.

Слични содржини