Хрватски геополитичар: Војната меѓу Русија и НАТО брзо би преминала во нуклеарна

Украина останува фокусна точка во која најлесно може да избие фаталниот фронтален конфликт меѓу САД и Русија, пишува геополитичарот Зоран Метер за хрватскиот сајт „Геополитика њуз“.

од Бети Божиноска
277 прегледи

Иако Украина, во однос на својата геостратешка и геоекономска важност, заостанува зад енергетски богатиот Блискоисточен регион низ кој поминуваат некои од најважните трговски и водни патишта во светот, оваа земја останува фокусна точка во која најлесно може да избие фаталниот фронтален конфликт меѓу САД и Русија, пишува геополитичарот Зоран Метер за хрватскиот сајт „Геополитика њуз“.

Без оглед дали сакаат да го признаат тоа на Запад или не, Русија денеска е поддржана од огромното мнозинство земји од глобалниот југ кои се свесни дека нивните амбиции за понезависна улога во светот, надвор од вековната доминација на Западот, зависат од исходот на конфликтот во Украина.

Во однос на украинскиот конфликт, чиј почеток се подготвува со децении, САД се задоволни или со целосен пораз на Русија или со нејзината долгорочна исцрпеност, поради што Москва нема да може да се фокусира на реорганизацијата во светот која е веќе во тек.

Судејќи според актуелната состојба на фронтовите во Украина и состојбата на руската економија, која не колабрираше под јаремот на западните санкции, оваа војна ќе заврши со сосем поинаков резултат од оној што го посакува Западот. Затоа таму е се поочиглена сеопштата нервоза, која се отсликува во се поагресивната политиќка реторика, што порано беше целосно незамисливо.

Споменатата војна меѓу Западот и Русија би бил епохален судир, кој би претставувал трета светска војна. Зашто без оглед на тоа што оваа војна би се одвивала пред се во Европа, таа би влијаела разорно и на глобалната економија, би ги прекинала ситѕе клучни сиџири на снабдување и би довела до осиромашување и дестабилизација на Западот и на остатокот од светот.

Она што е пострашно, а на што предупредуваат многу експерти што се занимаваа со нуклеарната проблематика, е што третата светска војна меѓу Русија и НАТО многу брзо би прераснала во нуклеарна, а секој право на пораз во неа би значел уназадување со децении што значи дека сите клучни држави би морале да одат на се или ништо во таа војна.

Трета светска војна темелно би ја сменила и демографската и политичката слика на светот, па колку и да звучи тоа парадоксално, токму нуклеарното оружје претставува најдобра гаранција дека таа никогаш нема да почне туку дека ќе се одвива низ цела серија прокси-судири и тоа не исклучиво во Украина, туку низ цел свет, од кои еден би можел да го зафати поширокиот регион на Блискиот Исток.

Сепак, оваа констатација вреди само под еден клучен услов: меѓу општествените и политичките елити на Западот да постои доволно мудрост, разум и „здрав страв“ од нуклеарното оружје.

Некои експерти сметаат дека употребата на тактичко нуклеарно оружје од страна на Русија во Украина не значи дека неопходно ќе предизвика идентична реакција кај НАТО или дека ќе прерасне во нуклеарна војна со стратепко оружје меѓу Русија и САД зашто американските елити не сакаат да жртвуваат се што имаат поради Украина.

Други, пак, не се игурни во тоа или го мислат сосем спротивното, сметајќи дека победата на Русија во војната значи вистинска катастрофа за меѓународниот углед на САД и за нивните глобални интереси иако не претставува егзистенцијална закана за Америка.

Сепак, Москва се уште не размислува за користење нуклеарно оружје ниту пак отворено се заканува со него. Развестивањето нуклеарно оружје на беолруска територија е, пред се, предупредување до што може да дојде ако работите излезат од контрола. Меѓутоа, ако НАТО му ги испорача на Киев ракетите со долг дострел за удари во длабоќината на руската теротироја, тоа би значело драматична ескалација на ситуацијата.

Се чини дека Русија засега им остава на САД можност за „чеснo отстапување“ од Украина, не нудејќи му на Вашингтон, се разбира, како да го стори тоа. САД, едноставно, се предлабоко влезени во играта со погрешни проценки за рускиот пад.

„Можеби ќе го дознаеме тоа по американските претседателски избори во ноември, кога ќе биде именувана новата администрација,“ заклучува Метер.

Слични содржини