Хрватскиот министер за одбрана Анусиќ: НАТО нема да дозволи ситуацијата на Балканот да се развива како пред 30 години

од Milan1
46 прегледи

По повод безбедносната ситуација во регионот, хрватскиот министер за одбрана Иван Анусиќ изјави дека внимателно ја следи политичката ситуација во Босна и Херцеговина, Србија и Косово и го изрази своето верување дека НАТО нема да дозволи ситуацијата да се развива како што беше пред 30 години.

„Со големо внимание ги следиме сите политички настани не само во БиХ, туку и во Косово и Србија. Гледаме дека тие се проследени од страна на меѓународните политички и воени сили, како што се НАТО и Обединетите нации”, изјавил Анушиќ за новинарите во Книн.

Тој изразил уверување дека НАТО и меѓународната политика нема да дозволат ситуацијата да се развие како пред 25 или 30 години, но дека „ќе биде контролирана и нема да оди во непожелна насока”.

Кога го прашале новинарите за настаните во БиХ, Анушиќ изјавил дека се надева дека нема да има ескалација.

Слични содржини