Хулигани во Белград до смрт го претепале братот на потпретседателот на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина

од Илинка Илиоска
463 прегледи

Ѓорѓе Мијатовиќ (37), брат на потпретседателот на Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина и министер за развој и претприемништво Војин Мијатовиќ, е убиен вчера во Белград, потврди министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Мијатовиќ почина откако беше претепан од двајца хулигани во детскиот парк во Вождовац, пренесе Н1.

„Синоќа околу 18-19 часот полицијата добила повик дека имало тепачка, отишле на адреса во општина Вождовац, го пронашле повредениот со сопругата. Го однесоа во Урегентна и таму почина“, изјави Дачиќ за ТВ Блиц.

Тој додаде дека синот на Мијатовиќ претходно се пожалил дека му ја украле топката, а имал проблем со двајца мажи.

Дачиќ нагласи дека се утврдува дали починал како последица на претепување.

Аутопсијата ќе потврди, лекарите велат дека имал и некои епилептични напади“, рече тој.

Синот на Мијатовиќ вчера му се пожалил на својот татко дека млади луѓе го малтретирале во паркот. Мијатовиќ потоа отишол кај нив, а по кратка дискусија младите го нападнале и го претепале.

Тој во тешка состојба бил примен во болница каде им подлегнал на повредите.

Слични содржини