Хутите го почнаа Рамазан со ветување дека ќе организираат повеќе напади на Црвеното Море

Ал-Хути истакна неговите борци ќе „продолжат со своите одмазднички напади во Црвеното Море“ за време на Рамазан „во знак на солидарност со Хамас“.

од Бети Божиноска
233 прегледи

Лидерот на јеменската терористичка организација Хути, Абдул-Малик ал-Хути, во неделата во пресрет на светиот исламски месец Рамазан објави коментар во кој им гарантира на своите поддржувачи дека ќе продолжи да организира терористички напади против трговски бродови во Црвеното Море и покрај празникот.

„Ние ќе продолжиме со нашите операции и многу од нашите основни и неопходни активности мора да продолжат“, ветил Ал-Хути, според пишувањата на ИРНА.

Ал-Хути зборувал во неделата по повод подготовката за Рамазан, светиот месец за муслиманите низ светот.  Многу радикални исламистички терористи сметаат дека Рамазан е идеално време за вклучување во повеќе џихадистички активности, верувајќи дека нивните убиства ќе бидат повеќе наградени во текот на светиот месец.

Ал-Хути истакна неговите борци ќе „продолжат со своите одмазднички напади во Црвеното Море“ за време на Рамазан „во знак на солидарност со Хамас“.

Пред само два дена, Хутите погодија брод во Аденски Залив, според информациите од портпаролот на оваа група, Јахја Сари, додавајжи дека Сари додаде дека повеќе американски воени разорувачи биле погодени со 37 дрона. Претходно, Хутите нападнаа комерцијален број во Аденскиот Залив, при што загинаа тројца челнови на екипажот.

Терористичката група на Ал-Хути, формално позната како „Ансар Алах“, започна кампања со беспилотни летала и ракетни напади против навидум случајни бродови кои се обидуваат да пловат во поширокиот регион на Црвеното Море на крајот на 2023 година, оправдувајќи ги како обид да ѝ наштетат на економијата на Израел.

Хутите контролираат значителен процент од јеменската територија од 2014 година, кога го презедоа главниот град Сана и ја принудија легитимната влада да се пресели на југ во пристанишниот град Аден. Оттогаш Јемен е во состојба на граѓанска војна и и Хутите и меѓународно признатата влада се нарекуваат себеси влада и војска на Јемен.

Слични содржини