Хутите им се закануваат на американските бродови ако Вашингтон се придружи на нападите врз Иран

од Milan1
60 прегледи

Јеменските Хути ќе ги напаѓаат американските бродови во Црвеното Море доколку Вашингтон се придружи на израелските напади врз Иран, изјави денес воен портпарол на Хутите.

САД и Хутите се согласија на прекин на огнот на почетокот на мај, по американското бомбардирање на позициите на групата во Јемен, објави „Ројтерс“.

Американската војска започна голем напад врз Хутите, кои се сојузници на Иран, на 15 март, предупредувајќи го Техеран веднаш да ја прекине поддршката за групата, која САД ја означи како терористичка група.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 6 мај објави дека јеменските Хути „капитулирале“ и дека е постигнат договор за прекин на огнот.

Слични содржини